Десетте парадоксални
заповеди од д-р Кент М. Кит
Луѓето се непресметливи, неразумни и мислат
само на себе.
И покрај тоа - сакај ги.
Ако сториш добро, луѓето ќе помислат, дека тоа го правиш
заради сопствени интереси.
И покрај тоа - прави добро.
Ако си успешен, ќе си создадеш лажни пријатели и вистински
непријатели.
И покрај тоа – биди
успешен.
Ако денес сториш добро, тоа веќе утре ќе биде заборавено.
И покрај тоа – прави добро.
Отвореноста и искреноста Те прават повредлив.
И покрај тоа – биди отворен и искрен.
Најголемите планови на најголемите луѓе можат да бидат
уништени од најмалите луѓе и од луѓе со најмалку памет.
И покрај тоа - создавај големи планови.
Луѓето симпатизираат со губитници, но ги следат само
победниците.
И покрај тоа – бори се за губитниците.
Нештата, кои си ги градел со години, можат преку ноќ да
бидат уништени.
И покрај тоа – продолжи да градиш.
На некои луѓе им е итно потребна Твојата помош, а Те
напаѓаат штом ќе ја добијат од тебе.
И покрај тоа - помагај им.
Давај му го на светот најдоброто од себе, а за возврат ќе
добиеш неблагодарност.
И покрај тоа - давај му го на светот
најдоброто од себе.
Vielen Dank für diese
Übersetzung an:
Übersetzungsdienst Hoffmann